5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Алиоски го „стресе“ и шампионот Базел, неговиот Лугано до голем бод

Mакедонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски продолжува редовно да ги тресе противничките мрежи запишувајќи го својот овосезонски рекорден 16. гол, oвој пат против шампионот на Швајцарија Базел.

По негатива од 0-2, нашиот Алиоски во 60. минута намали на 1-2 од пенал, нешто подоцна Садику израмни на 2-2 и донесе голем бод за Лугано во битката за излез во Европа.

Езџан со неговите 16 гола го држи второто место на листата на стрелци во исклучително силното првенство на Швајцарија, пред него е само Хоарау од Јанг Бојс со 18. погодоци

поврзани објави

Последни објави