Тепањето на пратеници направи најголема штета за ВМРО-ДПМНЕ. Сега сите надворешни фактори кои се сомневаат дека ВМРО е организатор на тепањето, што не е точно, сметаат дека ако ВМРО состави Влада сега после сето ова, или пак е дел од Влада, тоа ќе биде сфатено меѓу народот дека со тепање пратеници се доаѓа на власт.
ЕВЕ ШТО НАПИША СРБОВ НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ
Тепањето на пратеници направи најголема штета за ВМРО ДПМНЕ. Сега сите надворешни фактори кои се сомневаат дека ВМРО е организатор на тепањето, што не е точно, сметаат дека ако ВМРО состави Влада сега после сето ова, или пак е дел од Влада, тоа ќе биде сфатено меѓу народот дека со тепање пратеници се доаѓа на власт. Затоа сега сите однадвор заземаа заеднички став дека ВМРО мора да оди во опозиција со цел да се испрати порака дека со тепање се губи а не се добива. Во спротивно се плашат дека тепањето пратеници може да се повторува. А што може ВМРО во една ваква ситуација да направи, со само 51 пратеник, кога странците ги контролираат раководствата на сите други партии во Парламентот. Колку и некој да тепал од бес, револт, и убедување дека тоа е заслужено или оправдано, за жал на ВМРО му направи непоправлива штета и го испрати во опозиција.
Колку сето ова не го подбуцна, поттикна или организира некој кој има интерес ВМРО да оди во опозиција, е прашае на кое немаме одговор.
Од друга страна, тепањето на пратениците на СДСМ му ги засили позициите во коалицијата. Албанците сега размислуваат вака: човекот крвавеше заради нашите права. Смее ли сега некоја албанска партија да му сврти грб а истата да не биде осудена од Албанците? И тоа така ќе биде се додека Албанците во Македонија не го доживеат Заев како премиер, додека на своја кожа не почуствуваат за каков лажго и преварант станува збор.
https://www.facebook.com/srbov/posts/1783858154987921?pnref=story