Судот уште минатата недела соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за заедницата закажана за 10 мај, на која на дневен ред беа само две иницијативи за неактуелни прашања.
Како трета точка за в среда е најавено разгледувањето на иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на „член 35 став 1 и член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16 став 1 и член 16 став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик“.
Оспорените членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа пропишуваат дека мандатот на советниците во општините и на градоначалниците трае 4 години, додека со членот 16 став 1 од Изборниот закони е предвидено одржувањето на локалните избори да биде во првата половина на мај.
Четврта точка на дневен ред е иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на членот 8-а став 1,2 и 3 и на членот 11 став 1,2 и 3 од Законот за спречување на корупција. Овие членови и ставови се однесуваат на располагањето со буџетските средства, испалата на субвенции, државни вработувања, започнување на градежни проекти со јавни финансии и сл., во период кога постои празнина во конституирањето на државните и на локалните власт.
Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај но поради блокадата на Собранието, истекоа сите рокови за распишување на локалните избори во предвидениот термин. Заев најави дека изборите може да се одржат на есен.