fbpx
15.8 C
Skopje

КОИ СЕ 33 НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ

АКТУЕЛНО

Магазинот Sunday Times денеска ја објави листата на најбогатите луѓе во Велика Британија и светот.

Еве кои се најбогатите луѓе на планетата Земја:

33. Ален и Џерард Вертајмер – 24,5 милијарди долари. Браќата ја поседуваат и ја контролираат компанијата за парфеми House of Chanel.

32. Семјуел и Доналд Њухаус – 25,8 милијарди долари. Браќата се наследници на Advance Publications, издавачка империја вредна повеќе милијарди долари во која спаѓаат и The New Yorker и Vogue.

31. Ма Хуетенг – 26,09 милијарди долари. Кинескиот интернет претприемач е основач, претседател и извршен директор на Tencent. Tencent е холдинг компанија за подружници за маркетинг, медиа, забава итн.

30. Џорџ Сорос – 26,87 милијарди долари. Сорос е еден од најпознатите и најуспешните инвеститори во светот. Сепак, тој почнал многу скромно работејќи на железница и како келнер за да може да студира.

29. Фил Најт – 26,87 милијарди долари. Најт е соосновач и почесен претседател на еден од најголемите и најпознатите спортски брендови, Nike.

28. Марија Франка Фисоло – 26,87 милијарди долари. Италијанската милијардерка е сопственичка на втората по големина кондиторска компанија во Европа, Ferrero.

27. Мукеш Амбани – 28,29 милијарди долари. Амбани е претседател, директор и најголем акционер во компанијата Reliance Industries Limited (RIL).

26. Аксел Думас – 28,8 милијарди долари. Думас е извршен директор на модната куќа Hermès.

25. Фамилија Хенкел – 28,88 милијарди долари. Германската компанија за хемиски производи и потрошувачка стока е основана во 1876 година.

24. Стив Балмер – 23,6 милијарди долари. Балмер е поранешен извршен директор на Microsoft, а моментално е сопственик на кошаркарскиот тим Los Angeles Clippers.

23. Хорхе Пауло Леман – 31 милијарди долари. Леман е најбогатиот човек во Бразил и своето богатство го стекнал со преземање компании.

22. Шелдон Аделсон – 31,93 милијарди долари. Тој е основач и извршен директор на коцкарскиот гигант Las Vegas Sands Corp.

21. Ли Ка-Шинг – 32,97 милијарди долари. Тој е еден од најбогатите луѓе во Азија и еден од првите инвеститори во Facebook.

20. Ванг Џианлин – 33,36 милијарди долари. Тој е основач на една од најголемите компании за недвижности во Кина, Dalian Wanda Group, а поседува и 20% акции во шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид.

19. Џек Ма – 34,5 милијарди долари. Кинескиот милијардер е основа, претседател и извршен директор на е-трговецот Alibaba Group.

На 18. место се наоѓа  Ингвар Кампрад – 36,34 милијарди долари, после него следуваат Карл и Тео Албрехт јуниор – 39,59 милијарди долари,  Штефан Кант и Сузан Клатен – 39,98 милијарди долари.

15. 15. Лилиан Бетанкур – 41,28 милијарди долари. Таа е наследничка на богатството од козметичката куќа L’Oreal и најголем акционер во компанијата.

14. Сергеј Брин – 43,35 милијарди долари. Руско-американскиот компјутерски гениј е соосновач на Google.

13. Лери Пејџ – 44,2 милијарди долари. Пејџ има малку поголемо богатство од својот колега од Google, Сергеј Брин.

12. Бернар Арно – 45,69 милијарди долари. Арно е претседател и изврпен директор на најголемата компанија за лускузна стока, LVMH.

11. Мајкл Блумберг – 50,62 милијарди долари. Тој е соосновач, сопственик и извршен директор на светски познатиот гигант Bloomberg.

10. Лери Елисон – 52,7 милијарди долари. Елисон е основач и претседател на интернационалниот гигант Oracle.

9. Карлос Слим Хелу – 59,71 милијарди долари. Карлос е најбогат човек во Мексико и еден од најбогатите милијардери во светот кои сами го стекнале богатството. Сопственик е на најголемата телеком компанија во Латиснка Америка, America Movil.

8. Марк Цукерберг – 61,92 милијарди долари. Цукерберг е претседател, извршен директор и соосновач на социјалната мрежа Facebook.

7. Џон и Џеклин Марс – 63,6 милијарди долари. Братот и сестрата милијардери се наследници на империјата која ги произведува познатите чоколатца Mars.

6. Ворен Бафет – 79,96 милијарди долари. Легендарниот инвеститор се сета за најуспешен инвеститор во светот.

5. Џеф Безос – 80,22 милијарди долари. Безос е основач, претстедател и извршен директор на најголемиот онлајн трговец, Amazon.

4. Амансио Ортега – 82,42 милијарди долари. Ортега ја основа корпорацијата Inditex во 1985 година во која спаѓаат брендовите Zara, Pull & Bear, Bershka и Massimo Dutti.

3. Бил Гејтс – 91,9 милијарди долари. Гејтс го стекна своето богатство со софтверската компанија Microsoft.

2. Чарлс и Дејвид Кох – 102,4 милијарди долари. Чарлс е претседател и извршен директор, а брат му Дејвид е потпретседател на втората по големина првиатна компанија во САД, Koch Industries

1. Фамилија Волтон – 130,59 милијарди долари. Американската фамилија е основач на најголемиот трговец на мало во светот, Walmart

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -