fbpx
35.8 C
Skopje

ИВАНОВ МУ ДОДЕЛИ ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ НА ДУРЛОВСКИ

АКТУЕЛНО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска му додели Орден за заслуги за Македонија на директорот на Македонска опера и балет Игор Дурловски по повод 9 мај, денот на победата над фашизмот.

„Овој орден е признание за успешното промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност.

Овој орден е признание за улогата што Македонската опера и балет ја има во победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината“, вели Иванов во обраќањето по повод доделувањето на Орденот за заслуги.


Дурловски беше еден од организаторите на „За заедничка Македонија“ но по настаните при изборот на претседателот на Собранието, Талат Џафери тој јавно обзнани дека се повлекува од организирање на протестите.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -