Јужнокорејците денеска гласаат за нов претседател, а според информациите излезноста на гласачите е голема. Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, резултатите ќе бидат објавени во среда на 10 мај.
Одлуката за одржување на предвремени избори беше донесена откако конзервативната претседателка Парк Гуан-хе беше отстранета од функцијата, а потоа и уапсена, поради корупциски скандал.
Според истражувањата, најголеми шанси за победа има поранешниот лидер на Демократската партија „Тобуро“ Мун Џе-ин. Тој ужива поддршка од 42,2 проценти. По него со голема разлика се Ан Чиол-су од центристичката Народна партија и конзервативецот Хонг Џун-пио од Корејската партија на слободата. Двајцата уживаат поддршка од по 18,6 отсто од гласачите.
Во Јужна Кореја се регистрирани 42,5 милиони гласачи кои ќе гласаат за вкупно 13 кандидати.