-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јункер: Французите трошат премногу пари на погрешни места

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека високата државна потрошувачка во Франција претставува проблем.

Јункер ова го истакна само два дена откако Емануел Макрон ја однесе победата на претседателските избори во Франција.„Со Франција имаме посебен проблем. Французите трошат премногу пари и ги трошат на погрешни места. Тоа со тек на време нема да функционира“, изјави Јункер во Берлин, а пренесува британската агенција Ројтерс.

Јункер присуствуваше на промоција на книга на германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел под називот „Ремапирање“, во која се зборува за Брегзит и за француските претседателски избори.

поврзани објави

Последни објави