-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СЕЈДИУ: СУДОВИТЕ ГИ ТОЛЕРИРААТ МАКЕДОНЦИТЕ, А ГИ ТЕРОРИЗИРААТ АЛБАНЦИТЕ

Еден од главните столбови кој бара итна интервенција за да може во иднина да произведе правилни одлуки, без разлика на политиката е правниот систем кој ги вклучува сите судови и јавното обвинителство. Недозволиво е дури ден денес судовите да постапуваат со двојни стандарди, ги толерираат македонците а ги тероризираат албанците.

„Како е можно еден млад човек во контролиран протест само затоа што ги скршил прозорците на судот за да искаже револт кон неправедните одлуки во монтираните политички случаи да биде осуден на три години затвор, додека од друга страна насилниците на пратениците во случајот на 27 април се оставени на домашен притвор или не се осудени со никаква прелиминарна истражна мерка‘, вели Сејдиу.

Тој вели дека БЕСА нема ништо против албанец да биде претседател на Собранието, туку нивната позиција била директно за Талат Џафери како личност кон која тие имаат негативни ставови.

 

поврзани објави

Последни објави