11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

(ВИДЕО) Шилегов: Несоодветното постапување на Јавното обвинителство го прави соучесник во насилствата и поттикнувач!

„Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието. Сo упадот во Собранието извршени беа тешки кривични дела. Се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари, и вработени во Собранието.

Мора да има брзо и ефикасно решавање на сторените тешки кривични дела. Тоа се очекувањата на целата македонска, меѓутоа и меѓународна јавност.

Секое несоодветно постапување од страна на Јавното обвинителството и надлежните обвинители, го прави овој државен орган, и нив поединечно, соучесници и помагачи на извршеното насилство кон највисокиот законодавен дом на Република Македонија.

Ваквото непостапување на Јавното обвинителство, дополнително ги охрабрува протестантите, па вчера резултираше со дополнителни закани и насилничка реторика на учесниците на протестите.

Млаката реакција, на надлежното обвинителство ги мотивира и учесниците и организаторите на протестите да повикуваат и практикуваат насилство.

Пример за ова се и заканите по животот упатени кон високи функционери на СДСМ кои се случија за време на вчерашниот протест.

Го повикуваме Обвинителството да работи сериозно, да ги утврди сите кривични дела кои што претставуваат рушење на законодавниот дом и правилно, правно да ги квалификува истрагите и обвиненијата, да бидат опфатени сите лица коишто го нарачале, помогнале и извршиле нападот врз Собранието, пратениците, полицијата, вработените и новинарите во Собранието“, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави