Во Соборниот Храм Свети Никола во Куманово денеска се одржа панихида за осумте загинати припадници на полицијата кои учествуваа во оружената пресметка во кумановско „Диво Насеље“ пред две години. Панихидата ја организираше општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
„Ова е втора година по ред како се организира панихида за паднатите херои од настаните на 9 мај 2015 година, да оддадеме почит на луѓето кои за оваа земја ги положија своите животи, храбро, не штедејќи се себе си, давајќи пример на сите како треба да се брани државата, како треба да се брани народот“, изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.