fbpx
-0.2 C
Skopje

Евровизија 2017: Познати првите десет финалисти

АКТУЕЛНО

Најпопуларниот европски музички натпревар годинава се одржува во главниот град на Украина, Киев, благодарение на победата на минатогодишниот победник Џамала кој триумфираше со песната „1944“. Ова е вторпат Украина да биде домаќин на натпреварот, по 2005 година, по победата на Руслана во Истанбул во 2004 година. На првата полуфинална вечер настапија 18 земји.

Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија се првите финалисти кои си обезбедија влез во финалето во сабота на 13 мај.
На Евросонгот оваа година учествуваат 42 земји.
Македонската претставничка Јана Бурческа со песната „Dance alone“ ќе настапи трета по ред на втората полуфинална вечер. Второто полуфинале е закажно за в четврток, 11. мај, а финалето ќе се одржи в сабота, 13. мај.
Русија требаше да настапува трета во второто полуфинале, но го откажа своето присуство на манифестацијата поради тоа што украинските власти ѝ забранија влез во земјата на руската претставничка, а Русите одбија таа да настапува преку сателитски видео пренос.
Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година. Босна и Херцеговина, пак, се повлече од годинешното натпреварување поради финансиски проблеми.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -