Интер ќе постави неславен рекорд оваа сезона во Серија А, бидејќи сезоната ќе ја заврши со четврт тренер. Вечерва нешто по 22.30 часот со соопштение клубот од „Џузепе Меаца“ објави дека го отпушти тренерот Стефано Пиоли по серијата на порази, последниот од Џенова на Горан Пандев во неделата.
На клупата на Интер до крајот на овој шампионат ќе седи помошникот Стефано Веки, а Интер многу веројатно нема да обезбеди место ниту во Лига Европа.