2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Иванов да не ги брои десетте дена, Македонија има итна потреба од нова Влада!

Ѓорге Иванов нема потреба да ги чека десетте дена, туку е неопходно конечно да постапи согласно Уставот и час поскоро да го додели мандатот за составување нова Влада, на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Веќе не постојат никави пречки за доделување на мандатот. Сите неразумни објаснувања од Иванов се побиени со разумни чекори од страна на парламентарното мнозинство кое што внимателно постапи според Деловникот, законите и Уставот. Така е избран новиот претседател на Собранието кој веднаш испрати известување до Иванов дека има ново декларирано мнозинство. Исто така, идниот мандатар, претседателот на СДСМ, Заев соопшти дека е подготвен повторно да ја реафирмира Програмата на новата реформска Влада која ја штити унитарноста, се обврзува дека ќе работи согласно Уставот и евроатлантските перспективи.

Граѓаните, општините, институциите, компаниите, сите имаат итна потреба од придвижување на демократските процеси и смирување на општествено-политичката состојба. Тоа е возможно само со брзо формирање на новата Влада.

Спроведувањето брз, мирен и сигурен трансфер на власта е врвен државен прироитет и секое спротивставување на демократсите процеси е противдржавно и противуставно дело кое што е казниво со закон.

Затоа повикуваме сите институции и секој поединечно согласно своите одговорности да се приклучи во демократските процеси што носат промени и живот за сите“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави