-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Прва средба на Трамп со висок претставник на Руската Влада

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во дводневната посета на САД, ќе се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп.

По претходните најави од МНР на Русија, беше познато дека Лавров ќе се сретне само со Рекс Тилерсон. Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров ќе се одржи во Белата куќа.

Ова ќе биде прва средба на американскиот претседател Доналд Трамп со висок претставник на Руската влада, додека за во јуни месец е предвидена средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

поврзани објави

Последни објави