14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иванов очекува од Заев да го исполни јавно искажаниот збор дека ќе обезбеди гаранации за зајакнување на унитарноста на државата

Писмото од Собранието на Република Македонијае е пристигнато во кабинетот на Претседателот на Република Македонија, вчера на 09.05.2017 година. Претседателот Иванов очекува од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека: „заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”, велат од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов за МИА.

„Претседателот Иванов останува на ставот дека танаречената платформа од Тирана, ниту кој било друг документ, акт или дејствие спротивни на Уставот на Република Македонија, не може да биде услов, ниту пак основа за формирање и дејствување на Влада во Република Македонија. Македонскиот претседател, во однос на определување мандат, ќе постапи согласно Уставот и досега воспоставената практика,“ велат од кабинетот на македонскиот претседател.

поврзани објави

Последни објави