Жена на 53-годишна возраст е пронајдена мртва со убодни рани од нож во пределот на вратот и рацете во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“.
Станува збор за М.С.Ј, вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје. Неофицијално мртвото тело го пронашол нејзиниот сопруг, а случајот го пријавило друго лице. При увидот е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот.
По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв а дополнително ќе се обезбедат снимки од видео надзор од околните објекти.