Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини ги повика САД да го продолжат своето финансирање за агенциите на ОН, бидејќи хуманитарната активност понекогаш е поважна за мирот од трошоците за одбрана. Могерини ја упати својата порака за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, која таа ја користи и за да ја изрази поддршката на ЕУ за иранскиот нуклеарен договор и мировен договор за климата.
„Сакам да бидам целосно јасна и да се свртам кон нашите пријатели од Америка…Од суштинско значење за нас е сите да продолжиме да инвестираме во овие агенции на ОН. Тие се исто толку важни за меѓународниот мир, колку што се важни и трошоците за одбрана, а понекогаш дури и уште повеќе важни “, рече таа за време на состанокот на советот, на кој присуствуваше и постојаниот претставник на САД Ники Хејли.