8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Јункер го доби предлогот на бугарскиот премиер Б. Борисов за номинацијата на Марија Габриел

Утринава, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер го доби предлогот на бугарскиот премиер Бојко Борисов за номинација на г-ѓа Марија Габриел за кандидат, кој ќе го замени претходниот комесар Кристалина Георгиева, објавија од прес-службата на Европската комисија.

Предлогот за номинација уследи по телефонскиот разговор меѓу претседателот Јункер и премиерот Борисов, кој се одржа на 5 мај, петок. За време на разговорот двајцата лидери се согласија дека номинацијата за кандидат за комесар треба да се претстави и достави во краток рок.Следниот чекор е претседателот Јункер да се сретне со Марија Габриел и да спроведе интервју.

Целта е да се процени способноста на кандидатот да ја извршува должноста европски комесар, особено со оглед на член 17, став 3 од Договорот за Европската унија, кој гласи: ,, Членовите на Комисијата се избираат врз основа на нивната заедничка компетентност и посветеност кон европската идеја и од лица, чија независност не е под сомнение “. Врз основа на интервјуто претседателот Јункер ќе донесе одлука и за распределбата на одговорностите на идниот комесар со бугарско државјанство. Ова е во согласност со член 17, став 6 од Договорот за Европската унија, според кој претседателот на Комисијата има ексклузивно право да ја организира работата на Комисијата.

поврзани објави

Последни објави