6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе одговара за сите злодела!

„Зоран Заев го претвори СДС во криминално-мафијашка структура. Пратеникот на СДС, Мухамед Зекири се фотографираше со дел од членовите на семејството Гаци, познато по брутални криминали на Косово.

Мухамед Зекири е човекот кој е директната врска на Зоран Заев со структурите на подземјето од Косово и Македонија, за што во повеќе наврати медиумите објавуваа и фотографии.

Како што пишуваа медиумите, според ЕУЛЕКС – Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица. Според медиумите познатиот косовски гангстер Гани Геци е обвинет за убиство на Ружди Шаќири, поранешен командант на УЧК. Гани Геци безмилосно го убил испукувајќи четири куршуми во телото на убиениот.

Залудно е СДС да се обидува да ја сокрие врската со нарко-мафијата, кога во изминатиов период јавноста беше сведок полициски акции против наркодилери блиски до Заев и неговите соработници.

Граѓаните ги видоа фотографиите на Заев и неговата блискост со уапсените наркодилери од Арачиново, Сеад Рахиќ и наркодилерите од тетовско. Криминалците како Заев знаат да прават само криминал и затоа секогаш се во друштво на себе сличните.

Заев нема да успее во реализацијата на Тиранската Платформа, без разлика колкава е поддршката од крималното подземје за СДС, таа нема да се реализира. Граѓаните не се согласуваат Заев на сметка на државата да ги исплаќа долговите кон нарко-мафијата.

Одговоност за криминалите мора да има и никој од СДС нема да успее да и избега на правдата, Заев и СДС нема да се спасат со заплашувањата и притисоците кон судството.

СДС ќе одговара за сите злодела!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави