Најмалку 25 луѓе загинале, меѓу кои четири деца, кога во текот на силна бура се срушил ѕид од просторот каде што се одржувала свадбена серемонија во западна Индија, соопштува полицијата.
Бетонски ѕид кој се потпирал на трошна куќа се срушил врз сватовите, кој побарале заштита од бурата која беснеела.
Повредени се 28 луѓе од кој 15 потешко, ѕидот бил висок околу четири метри, а долг 32 метри.