fbpx
17.8 C
Skopje

Трагедија на венчавка: Се срушил ѕид, 25 сватови настрадале (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Најмалку 25 луѓе загинале, меѓу кои четири деца, кога во текот на силна бура се срушил ѕид од просторот каде што се одржувала свадбена серемонија во западна Индија, соопштува полицијата.

Бетонски ѕид кој се потпирал на трошна куќа се срушил врз сватовите, кој побарале заштита од бурата која беснеела.

 Спасувачите наведуваат дека се обиделе да спасат што е можно повеќе луѓе, сцената која ја затекле била застрашувачка.
https://www.youtube.com/watch?v=byTvCaAMftU

Повредени се 28 луѓе од кој 15 потешко, ѕидот бил висок околу четири метри, а долг 32 метри.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -