fbpx
23.8 C
Skopje

Јанева: ВМРО-ДПМНЕ владеело со криминал, Груевски ќе биде изведен пред суд и ќе одговара!

АКТУЕЛНО

Десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ е резултат на криминални дејствија и уцени, вели во интервју за Дојче Веле специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Таа очекува да биде продолжен мандатот на СЈО, и ги повикува сите граѓани доколку поседуваат снимки или докази за извршени криминални дејства и натаму да соработуваат со специјалното обвинителство.
Нејзините очекувања се дека експремиерот Никола Груевски ќе биде изведен пред суд и ќе одговора за сомнежите и обвинувањата кои му се ставаат на товар, но Јанева одбива да дава прогнози за исходот на тој процес повикувајќи се на еднаквоста пред законот и презумпцијата на невиност. Сепак, таа нема дилеми дека во Македонија во изминатите 10 години се владеело со криминални дејствија и уцени.

Со Договорот од Пржино, СЈО доби мандат од 18 месеци за да ги истражи и процесуира снимките од прислушуваните разговори кои ги објави опозицискиот СДСМ. Мандатот истекува на крајот на јуни годинава. Од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати се изјаснија дека се против продолжување на мандатот, но мнозинството во парламентот и меѓународната заедница инсистираат обвинителството до крај да си ја заврши својата работа.
Се очекува по формирањето на новата влада, една од првите точки за расправа во Собранието да биде токму продолжувањето на мандатот на СЈО за што постои мнозинство.

Извор: Дојче Веле

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -