3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

15 интересни факти за Вселената

1.Астронаутите се повисоки додека се во Вселената, отколку додека се на Земјата.

2.Астронаутите не можат да ждригнат додека се во вселенскиот простор (не дека не смеат, туку едноставно неможат).

3.Додека се во вселенскиот простор, доколку астронаутите плачат, поради недостатокот на гравитација солзите нема да им се тркалаат по лицето.

4.На астронаутите не им е дозволено да јадат грав пред нивното заминување во Вселената бидејќи гасовите можат да ја оштетат нивната вселенска облека.

Дали знаевте дека …

5.Околу 41% од површината на Месечината не е видлива од Земјата и никогаш нема да биде.

6. Молњата предизвикува температура која е пет пати повисока од температурата на површината на Сонцето.

7.Потребно е многу време за светлината која доаѓа од оддалечените  галаксии и ѕвезди да стигне до нас. Поради тоа кога гледаме во небото гледаме објекти кои се појавиле пред стотина, илјадници па и повеќе години, т.е ние гледаме во минатото.

8.Големата црвена дамка на површината на Јупитер е ураганска бура. Оваа бура е забележана дури во XVII век. Површината која ја зазема е поголема од Земјата.

9.Сатурн има толку мала густина што може да плови по површината на водата.

10.Опашката на кометата секогаш покажува на спротивната страна од Сонцето.

11.Првата жена пратена во Вселената е Валентина Терешкова од Русија. Таа со вселенското летало Воскок 6 ја обиколила Земјата 48 пати за 3 дена.

12.Секој судар во Хадроновиот тунел кој е долг 27 километри прави стимулација на Големата експлозија, а пред 13,7 милијарди години баш така настанал вселенскиот простор.

13.Поради експлозијата на суперновата 1987 во големиот Мегеланов облак, низ секој квадратен сантиметар телото на човекот поминува низ околу 10 милијарди неутрони.

14.Прв пат во 6 години на 11 октомври 2005 година на Сонцето не била видлива ниту една единствена пега.

15.Месечината се оддалечува од Земјата за 38 милиметри секоја година.

поврзани објави

Последни објави