fbpx
-2.2 C
Skopje

Либерална партија: Иванов да го даде мандатот на Заев, во спротивно да се избере влада без соработка со него

АКТУЕЛНО

„Либералната партија и овој пат го повикува Ѓорѓе Иванов неодложно да го даде мандатот на Зоран Заев како утврден претставник на дефинирано парламентарно мнозинство.

Политичкиот процес мора да продолжи дури и ако Иванов и натаму не го дава мандатот.

Недавајќи го мандатот за формирање влада, Иванов овозможува владеење на влада која ниту има мандат ниту има парламентарно мнозинство. Недавајќи мандат на дефинираното парламентарно мнозинство, тој се поставува како диктатор кој лично владее наспроти Уставот, и ја оневозможува парламентарната демократија. Токму затоа, ако во рокот од предвидените десет дена Иванов не го даде мандатот, парламентарното мнозинство треба да избере влада без натамошна соработка со Иванов“ се вели во соопштението на Либералната партија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -