6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Меркел: НАТО не треба да се меша во борбата против ИД

Во рамките на спроведената средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, канцеларката на Германија Ангела Меркел покажа мала склоност кон желбите на американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против тероризмот. Германскиот лидер не пројави добродушност и кон молбата за испраќање на дополнителни воени сили во Авганистан.

Меркел додаде: „Дури и НАТО да се вклучи во борбата против џихадистите“ – тоа нема да значи дека секоја воена активност ќе биде дозволена. Слично на Меркел, Норвешкиот политичар е исто така убеден дека НАТО не треба да се меша во борбените дејства против “Исламска држава”.

поврзани објави

Последни објави