Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски сосема заслужено се закити со наградата за најдобар фудбалер во швајцарското првенство за месец април.
Станува збор за избор што традиционално го организира најтиражниот швајцарски весник „Блик“, а за Алиоски ова е прво вакво признание што е најдобар доказ за неговата професионалност.
Во гласањето за најдобар играч за месец април учествувале над 10.000 лица, а Алиоски освои 31,7% од вкупниот број на гласови.