6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Алиоски се закити со награда за најдобар фудбалер во швајцарското првенство за месец април

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски сосема заслужено се закити со наградата за најдобар фудбалер во швајцарското првенство за месец април.

Станува збор за избор што традиционално го организира најтиражниот швајцарски весник „Блик“, а за Алиоски ова е прво вакво признание што е најдобар доказ за неговата професионалност.

Во гласањето за најдобар играч за месец април учествувале над 10.000 лица, а Алиоски освои 31,7% од вкупниот број на гласови.

поврзани објави

Последни објави