Сабра Норис, 11. годишниот австралиски суфер кој беше емитуван на интернет во „Today show“ имаше свое гостување со ток шоу – кралицата Елен Деџенерис.
Нејзиното појавување кај Елен доаѓа откако претходно таа во „Nine breakfast TV SHOW“, изјави дека паричната награда од натпреварувањето во сурфање, сака ја да потроши на крофни.
Во натпреварувањето во кое учевствуваше Норис, имало 100 натпреварувачи од сите возрасти.
Таа заработи 500 долари кои сакаше да ги потроши на крофни, но бидејќи нејзинaта омиленa продавница за крофни „Donut Time“ реши да ги награди натпреварувачите бесплатно, нејзините 500 долари останаа непотрошени.
Таа одлучи нејзината награда да ја сподели со нејзините браќа и сестри.
„Му дадов 100 долари на моето братче, 100 долари на едната и 100 долари на другата сестричка. За мене останаа 200 долари кои сепак на крајот се одлучив да ги потрошам на крофни и бонбони со шеќер“, вели Норис, во шоуто на Елен.
Нејзиниот татко е пливач и има олимписки бронзен медал во пливање.
Погледнете ги најинтересните моменти со 11. годишната сурферка Норис и уживајте…
https://www.youtube.com/watch?v=kyXXh3ygLvE