7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Истражете го своето тело – техники за мастурбација кај жените

Додека мажите се фалат или отворено зборуваат за тоа колку често мастурбираат, жените се доста по затворени по однос на ова прашање, иако тие почесто го применуваат од мажите. Мастурбацијата никако не смее да биде табу тема туку приватна работа која делува позитивно на телото. Дознајте што ви е потребно сами да доживеете најсилен оргазам.

  • Сфатете ја мастурбацијата исто како и сексот, бидејќи и тука можеме да зборуваме за љубовна игра.
  • Како предигра може најпрво да почнете со галење и допирање на своето тело.
  • Некои жени фантазираат за мажи од соништата, други замислуваат љубовни или еротски сцени од филмови или едноставно на некоја неостварена сексуална фантазија.
  • Важно е да бидете со сопствените мисли и чувства, а потоа дајте и слобода на имагинацијата.
  • Посетете некој секси шоп и опремете се со некоја секс-играчка (вибратор). На ваков начин полесно ќе дојдете до Г-точката и да доживеете вагинален оргазам.
  • За некои жени идеално место за мастубација е бањата. Таму сте потполно сами и можете да ја добиете потребната приватност. Поттикнувањето на клиторисот со млаз вода обезбедува огромно задоволство кај голем број на жени. Единствениот услов е да користите топла или млака вода. Истиот ефект може да го постигнете со силни водени млазеви во џакузи-бањата.
  • Ако сакате поекстремно доживување, дозволете му на вашиот партнер да гледа додека мастурбирате. Ваквиот сексуален пристап ќе го возбуди и ќе му приредите поголемо задоволство и можеби ќе поднаучи за следниот пат како да ви овозможи поголемо сексуално задоволство.
  • На мажите им се допаѓа да гледаат како жените се допираат, па така тоа може да го направите и за време на љубовна игра.

поврзани објави

Последни објави