7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Хакерска офанзива: Нападнати 84 земји низ светот

Масивен хакерски напад со вирусот „ransomver“ погоди голем број на организации во целиот свет, како и државни институции, вклучувајќи го и здравствениот систем на Велика Британија кој буквално се распадна.

Иако првата вест стигна од Велика Британија, подоцна хакерски напади биле пријавени од Шпанија, Италија, Кина, Русија, Украина, Виетнам и Тајван, пренесува BBC.

Компјутерите на илјадници различни локации биле заклучени со барање за исплата на 300 долари во Биткоин, при што софтверот не дозволувал да се користат компјутерите ако не платат.

Daily Telegraph објави дека хакери бараат откуп и дека, според достапните информации, во болниците во Велика Британија не работат ни телефоните ни компјутерите, а во некои болници се прифаќале само итните случаи, додека најавите за итна операција биле укинати.

Експертите за сајбер безбедност сметаат дека овие напади се насочени кон приватни компании и јавни организации и се меѓусебно поврзани. Сите имаат заеднички метод: вирусот „rensomver“ наречен WannaCry или други варијации на тоа име.

Еден истражувач во компанија за антивирус програми „Аваст“ Јакуб Крустек, објави дека открил 36.000 напади, во кои најтешко погодени се Русија, Украина и Тајван. Крустек соопшти дека нападите биле извршени во 84 земји и дека нивниот број рапидно расте.

поврзани објави

Последни објави