3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Кои додатоци во исхраната им се потребни на жените?

Единствен план за исхрана и исти суплементи во исхраната со цел постигнување на оптимално здравје е исто како да барате фармерки во една иста големина кои треба да им одговараат на сите жени.
Жените од секоја возраст се обидуваат да влезат во одреден план кој е генерички со цел да се чувствуваат добро.

Секој од нас е индивидуалец во секое поле, па како да пронајдеме најдобар план по кој ние жените би се чувствувале добро во ова динамично доба?

Доброто здравје e резултат од комбинација на фактори кои му помагаат на телото и умот да работат оптимално балансирано. Жените имаат постојана флуктуација на хормоните кои побаруваат исхрана обогатена со различни нутриенти. Со текот низ животот, нашите потреби се менуваат и потребно е да го слушаме нашето тело и да ги правиме потребните прилагодувања како што поминуваат годините.
Стануваме свесни дека потребно ни е да се чувствуваме поздрави и фокусот да го ставиме на добриот сон и одмор, рекреација, релаксација и забава.

Како да се чувствуваме подобро?

Голем дел од потребните нутриенти телото не ги добива преку исхраната затоа добро е потребите да се надополнат со земање на суплементи.

Какви суплементи им се потребни на жените?

– Омега 3 масни киселини;
Добри се за кардиоваскуларно здравје, за подобрување на расположението и балансиран имунолошки одговор.
(Омега 3 масните киселини достапни се во следните извори на храна: лосос, ленено семе, јаткасти плодови, грав, тиква, лиснат зелен зеленчук, ореви, ладно цедено маслиново масло, алги, чиа семе, боровинки…)
– Витамин Д;
Како потпора на здравјето на коските и за одржување на целокупното здравjе и дoбросостојба на долг рок.
(Извори на витамин Д од храната се: лосос, јајце, сирење, шитаке печурки, житарки и млеко, а во најголем дел врз снабдувањето со витам Д влијае и природната сончева светлина)
– Протеини;
Критични за одржување на мускулното ткиво и младешкиот метаболизам кај жените како што стареат.
(Извори на потеини во исхраната покрај месото, јајцата и храната од животинско потекло,  извори од растително потекло се: печурки, брокула, зелка, зелена пиперка, краставица, грав, магдонос, грашок, наут итн).

Потребни нутриенти за сите фази во животот на жената:

1.Адолецентност

– Цинк. Овој важен минерал помага при подобрување на здравата ендокрина функција и поддршка на добриот имун систем
– Калциум, витамин Д. Овие витамини помагаат младиот скелет да изгради коскена маса потребна за долг и витален живот.
– Железо. Со првиот менструален циклус, девојчињата губат крв, па затоа одржувањето на стабилни нивоа на железо е круцијално во овој период од животот.

2. Тинејџерски години

– Б комплекс витамини. Овие витамини служат за поддршка на когнитивниот развој кој е од есенцијална важност за овој период од животот.

3. Мајчински години

Oмега 3, oвие есенцијални масни киселини служат за поддршка на здравиот имунолошки систем и помагаат при справувањето со физичкиот и психолошкиот стрес.

– Фолна киселина. Овој Б витамин е критичен за развојот на мозокот и ‘рбетот на бебето.
– DHA важна за когнитивниот развој на бебето
– Јод. Важен за нормалната функција на тироидната жлезда
– Колаген. Верувајте или не производството на колаген се намалува во вашите 20ти.

4.Перименопауза

(10 години пред менопаузата)
– Мелатонин. Овој нутриент им помага на жените да заспијат во овој период кога започнуваат да се јавуваат потешкотии со спиењето.

5.Менопауза

-Кератин и биотин.
Промовираат здрава коса која се тенчи со текот на годините.
-Магнезиум. За да помогне при релаксирањето на нервниот систем и при поддршката на здравиот сон.

6. За и по менопауза

– DHA. Може да помогне при одржувањето на нормална, здрава когнитивна функција.
– Куркумин. Може да помогне при поддршката на здрав и избалансиран имунолошки одоговор како поддршка за болки, здраво функционирање на мозокот и срцето.
– Витамин Д, kалциум и магнезиум. Овие нутриенти, нудат поддршка за здрави коски.

 

поврзани објави

Последни објави