Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, објави телевизија Алсат М од сигурни извори. Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден. Со ова, се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци, откако бизнисменот се даде во бегство.
Според ваквата одлука, за очекување е осомничениот во случајот „Труст“ слободно да се врати во Македонија.