6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Папата Франциск канонизираше брат и сестра кои пред сто години ја виделе Богородица

Две португалски деца, кои чувале овци, за кои се смета дека пред сто години ја виделе Богородица, им се „придружија“ денеска на светците на Римокатоличката црква.

Канонизирањето на Франсишку Марту и неговата сестра Жасинта беше извршено лично од папата Франциско на литургија под отворено небо во португалскиот град Фатима, во чија околина се случило чудото.

На литургијата присутвуваа стотици верници, од кои голем дел престојуваа во Фатима. Присутните ракоплескаа кога папата го заврши ритуалот на канонизација. Организаторите на настанот очекуваа на него да учествуваат околу еден милион лица.

Католиците веруваат дека Богородица им се јавила на три португалски овчарчиња во шест случаи, кои почнале на 13 март 1917 година Две од децата, Франсишку и Жасинта умираат мпади од шпанската треска. Третото дете е нивната братучетка Лусија душ Сантуш, која потоа се замонашува и умира на 97 години во 2005 година. Во тек е процедура таа да биде прогласена за светица.

Според преданијата Богородица на трите деца, кои тогаш биле на возраст меѓу седум и десет години им пренела три апокалиптични тајни, за војната, комунизмот и смртта на папата. Таа побарала од децата да се молат за мир и да се чуваат од грев.

поврзани објави

Последни објави