Иранската државна телевизија соопшти дека во земјотресот кој се случил на североистокот на земјата загинале тројца лица, а над 200 се повредени.
Како што се наведува силината на земјотресот била 5,7 степени според Рихтер, тој се случил во доцна синоќа, недалеку од границата со Туркменистан, а истотака срушил и неколку згради, пренесува „АП“
Епицентарот бил во Пишкалех кој се наоѓа 800 километри североисточно од Техеран и има околу 2.000 жители.