5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Курц избран за лидер на Австриската народна партија

Раководството на Австриската народна партија (ОВП), помалиот партнер во коалциската Влада во Виена, синоќа го избра министерот за надворешни работи Себастијан Курц за нов партиски лидер.

Се смета дека 30-годишниот Курц е најдобрата шанса партијата да го зголеми рејтингот и да ја надмине екстремнодесната Австриска партија на слободата (ФПО), која води во анкетите, а по неа се социјалдемократите на канцеларот Кристијан Керн.

Курц на вчерашната прес-конференција изјави дека неговата партија сака предвремени избори во септември.

Новиот лидер на ОВП изјави дека денеска ќе се сретне со претседателот на државата и со канцеларот и лидер на социјалдеморатите за да разговараат за датумот на изборите.

Курц застана на чело на партијата, откако вицеканцеларот и нејзин претходен лидер Рајнхолд Митерленер поднесе оставка и од двете функции.

поврзани објави

Последни објави