fbpx
28.8 C
Skopje

Вангеловски: Не го укинуваме притворот за Кочан, судот не требало да одреди притвор

АКТУЕЛНО

„Ние не го укинуваме притворот за Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови“, изјави за Дојче веле претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски. Ваквото објаснување доаѓа откако постапувајќи по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) доставено од Јавното обвинителство, Врховниот суд реши да ги укине одлуките на Кривичниот и на Апелацискиот суд, со кои беше изречена мерка притвор за Сеад Кочан и побарано распишување на потерница по него. Од Специјалното јавно обвинителство велат дека за одлуката ќе се изјаснат откако официјално ќе ја добијат.

„При барање на мерка притвор, еден од предусловите е да се достави доказ за основите на сомневање дека е сторено кривично дело. Во случајов, од страна на СЈО не е доставен таков доказ, а Судот направил повреда на законот кога без доставен доказ одредил мерка притвор“, изјави Вангеловски.

Тој потенцира дека треба да се има предвид и дека судија на претходна постапка првично го одбил барањето за мерка притвор. На таквото решение СЈО тогаш вложи жалба, која потоа Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати, оценувајќи дека се исполнети сите услови за одредување притвор и донесе наредба за приведување на осомничениот. Според Вангеловски, при таа одлука била направена втората посуштествена повреда на законитоста.

„Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, дал правна поука дека жалбата на ваквото решение не го одложува нејзиното извршување. Тоа не е точно. Со првото поднесување жалба на решението, се одлага извршувањето на тоа решение. Тоа е јасно пропишано во членот 442 од Законот за кривична постапка. Според тоа, судот не требало веднаш да одреди притвор, ниту да бара да се распише потерница“, вели Вангеловски.

Сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, е во бегство два месеца. СЈО во предметот „Труст“ го сомничи дека во 2011 година на тендер на ЕЛЕМ за ископ на јаловина доставил фалсификувани документи за наводна техничка и кадровска опременост на неговата компанија и на тој начин заедно со уште две фирми незаконски наплатил 17,2 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -