-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Познат мексикански новинар убиен во близина на своето работно место

Познатиот мексикански новинар Хавиер Валдез (50) е убиен во градот Кулиакан, во северозападната сојузна држава Синалоа, каде живеел и работел.

Во соопштението на локалната полиција се вели дека Валдез бил убиен на улица во близината на своето работно место, откако врз него непознати напаѓачи пукале од огнено оружје.

Тој е еден од неколкуте новинари кои од почеткот на оваа година се убиени во Мексико.

Валдез повеќепати досега е наградуван за својата работа и за своите прилози за борбата против шверцот на дрога и организираниот криминал во земјата.

Во 2011 година тој ја доби и престижната меѓународна награда за слободата на печатот.

Убиениот новинар често пишувал и за нарко картелот „Синалоа“, за кој се верува дека е одговорен за околу 25 отсто од целата дрога која илегално влегува во САД преку Мексико

Основач на овој мексикански нарко картел е Хоаким Гузман, познат по прекарот „Ел Чапо“ (Кускуле). Во 2014 година тој беше уапсен откако во два наврати ретходно бегаше од затвор во Мексико, по што беше префрлен во САД, каде сега се наоѓа во еден строго обезбедуван затвор.

поврзани објави

Последни објави