fbpx
24.8 C
Skopje

Државен инспекторат: Мандатот на градоначалниците може да трае до 31 декември

АКТУЕЛНО

Мандатот на советниците во општините е истечен на 24 март 2017 година, а на градоначалниците може да трае до 31 декември 2017 година, соопшти  Државниот инспекторат за локална самоуправа повикувајќи се на член 35 и член 49 од Законот за локална самоуправа.

Во соопштението се наведува дека , мандатот на советниците во општините согласно член 35 став 1 од Законот за локална самоуправа е 4 години и тој со оглед на последните локални избори кои се одржани на 24 март 2013 е со истечен мандат од 24 март 2017. Сите одлуки кои советите на општините ги донеле по овој датум од страна на Инспекторатот се поништени и ставени вон сила, а никаква евентуална законска измена од Собранието нема ретроактивно дејство.

Мандатите, пак, на градоначалниците, како што стои во соопштението, се регулирани во член 49 и 52 од Законот за локална самоуправа и таму јасно стои дека мандатот трае до завршување на тековната година, што значи 31.12.2017. Со оглед на изминатиот мандат на советите, градоначалниците извршуваат техничка функција, но во никој случај не смеат да прекинат со функционирањето на општината, а во случај да не ги извршуваат законските обврски ќе бидат соочени со законски санкции, укажува Инспекторатот.

Државниот инспекторат за локална самоуправа, како надлежна државна институција која ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, истакнува во соопштението дека изнесените толкувања деновиве за мандатите на советниците и градоначалниците се произволни и несериозни со цел свесно манипулирање на граѓаните.

Чудно е како Инспекторатот не беше консултиран ниту пак учествуваше во некоја од јавните дебати, организирани од ЗЕЛС, каде очигледно се носеа производни заклучоци со партиски интереси без законска основа, а што е најтрагично со криење на вистината од граѓаните, лицитирајќи со датуми на мандати и поистоветувајќи ги советниците и градоначалниците што е апсолутно незаконско, велат од Инспекторатот, од каде апелираат да не се манипулира со локалната самоуправа и да не се даваат изјави кои не се од овластена државна институција.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -