fbpx
24.8 C
Skopje

Џафери на средба со канадскиот амбасадор во Република Македонија

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска имаше официјална средба со амбасадорот на Канада во Република Македонија, Филип Пинингтон.

Следните чекори во работата на Собранието ќе бидат токму во таа насока, како и усвојувањето на предвидените измени на Изборниот законик и Законот за локална самоуправа, во контекст на најавените локални избори наесен, рекол Џафери.

Во однос на случувањата во Собранието од 27 април, претседателот Џафери изрази верба во правдата и во институциите на системот дека секој ќе ја сноси својата одговорност за овие настани, за сите заедно да покажеме дека ова не смее да се повтори и не смее да остане неказнето.

Пинингтон, како што стои во соопштението од Собранието, истакнал дека Канада на јасен и видлив начин изразила поддршка на процесот на демократските промени во државата при транзицијата на власта.

Ова претставуваше прв чекор за излез од политичката криза и еден од низата во важните процеси кои претстојат. Канада и натаму континуирано ќе ја поддржува Република Македонија и нејзините граѓани во демократските општествени процеси и ќе биде нејзин силен партнер на меѓународен план, посочил амбасадорот.

Новоизбраниот претседател, Џафери се заблагодарил за честитката и изразил  очекување дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Канада ќе продолжат во иднина и ќе добијат во својот интензитет и квалитет.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -