fbpx
33.8 C
Skopje

Столтенберг: Доделувањето на мандатот е чекор во вистинска насока, охрабрувам брзо формирање влада

АКТУЕЛНО

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го нарече „чекор во вистинска насока“ потегот на Иванов и исто како и Могерини и Хан, побара брзо формирање на новата влада на Република Македонија.

„Ја поздравувам одлуката на претседателот Иванов да му даде мандат на парламентарното мнозинство на господинот Заев за формирање на нова влада. Ова е чекор во вистинската насока и нешто што е правилно направено. Охрабрувам брзо формирање на новата влада, навремено потврдено гласање во Парламентот и конструктивен став на сите партиии. Тоа е важно за земјата да започне да се фокусира на своите итно потребни реформи. Апелирам до сите оние кои се заинтересирани да продолжат со напорите за унапредување на евро-атлантските аспирации на земјата,“ порача Јенс Столтенберг.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -