2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Иванов: Граѓаните можат да искажат револт и незадоволство на изборите, а не преку насилство во институциите

Тој ден беше тежок, несреќен ден. Не смее да се генерализира тоа што го правеше граѓанската иницијатива во сите денови што протестираа со насилството што се случи. Сме имале во нашата историја моменти кога создавале многу понегативни реакции. Го имаме конфликтот од 2001. Тогаш Парламентот најде храброст да ги амнестира воените злосторства за да имаме во државата мир. Денес слушнав помирувачки тонови од претседателот на СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие што ги надминале сите норми на однесување, треба да одговараат. Но она кога ве заведува толпа, тоа не е причина за физичките насилства. Треба самите пратеници да ја покажат својата желба како Македонија да научи од ова, како треба да не се однесува во иднина. Конечно треба да полека преминуваме во период со соочување на реалноста. Ова е наша држава, мора да си ја чуваме државата, да ги почитуваме оние кои ја добиле довербата од граѓаните. Нив граѓаните на избори можат да им искажат револт и незадоволство но во институциите мора да се отсликува ред и законитост во државата, вели Ѓорге Иванов во гостување на ТВ Нова.

поврзани објави

Последни објави