-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЛП: Очекуваме длабоки реформи и вистинска пресметка со криминалот

„Либералната партија го поздравува доделувањето на мандатот на Зоран Заев како кандидат за премиер од парламентарното мнозинство, и очекува брзо и ефикасно формирање на новата влада.

Целокупната демократска јавност во Македонија и нашите пријатели во меѓународната заедница очекуваат длабоки реформи и вистинска пресметка со криминалот и корупцијата во сите пори на општеството.

Владеењето на правото, економскиот прогрес и политичката стабилност, како приоритети за граѓаните, ќе ги забрзаат интеграциите во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението на ЛП.

поврзани објави

Последни објави