7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СЕ до Турција: Испративте во затвор познат заштитник на човековите права

Советот на Европа ја критикуваше Турција поради апсењето на познат заштитник на човековите права, наведувајќи дека слични дејствија создаваат „спротивен ефект“ во земјата.

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс изјави денеска дека е „изненаден“ од пресудата за Мурат Челикан по обвинението за терористичка пропаганда.

Истанбулскиот суд го осуди Челикан на 18 месеци затворска казна, по овие обвинувања, кои се однесуваат на краткиот период во кој тој пишувал за прокурдски весник.

Екрем Мурат Челикан само еден ден беше главен уредник на прокурдскиот весник „Озгур Гундем“ и напиша неколку статии за изданието.

Тој беше меѓу лицата кои ја презедоа функцијата на главен уредник на ротационен принцип во знак на солидарност за весникот, што на крајот беше затворен од турските власти минатата година.

Пресудата за Челикан, според Муижниекс „претставува загрижувачка слика на континуираната тенденција на судските дејствија, насочени против заштитниците на човекови права и се поголемиот опсег на претставници на други сфери од граѓанското општество“.

поврзани објави

Последни објави