fbpx
1.8 C
Skopje

Полскиот амбасадор Мултановски: Очекувам новата Влада да ги спроведе потребните реформи

АКТУЕЛНО

„Очекувам по доделување на мандатот да се формира влада која ќе работи на реформите за евроинтеграциите, за што ќе ја има полската поддршка“, порача амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. Тој денеска учествува на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан – што е наредно за овие два региона?“ која се одржа во Скопје.

Вчера претседателот Иванов го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев и тоа е важен чекор во процесот на формирање нова влада, која, се надевам, ќе биде способна да ги спроведе сите неопходни реформи за евроатлантска интеграција. Полска е силен поддржувач на македонските евроатлантски аспирации и сме подготвени да соработуваме со вас и да ви помогнеме во тој процес – изјави Мултановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -