6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

(ВИДЕО) Бошковски: „ВМРО за Македонија“ и СДСМ еден ден ќе мораат да се судрат, но тоа ќе биде борба со аргументи!

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски во гостувањето во емисијата „Специјал“ на ТВ 21 обелоденува дека пратеник од ВМРО-ДПМНЕ се нуди да премине во неговата партија. Тој рече дека кадрите на „ВМРО за Македонија“ можат да помогнат во процесот на демократизирање на државата.

Тој рече дека тие имаат јасен став како коалиција и дека се свесни дека со СДСМ имаат различни политички идеологии и дека еден ден на македонската политичка сцена ќе мора да се судрат „ВМРО за Македонија и СДСМ“ но тоа ќе биде фер борба со аргументи, а не со сатанизирање на политичкиот противник. Бошковски нагласи дека тие не сакаат да бидат како ДПМНЕ и дека на членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе можат да им гарантираат заштита од реваншизам.

„Ќе дојде време кога ќе се оградуваат, кога ќе кажуваат дека никогаш не биле членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ние од коалицијата „ВМРО за Македонија“ немаме никаква допирна точка со ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ние му требаме на членството на ВМРО, бидејќи докажавме и покажавме дека Република Македонија ни е над се. 

Ние имаме проблем и сакаме да го заштитиме членството на ВМРО, дека нема да има никакви проблеми, дека вработените во администрацијата, нема да бидат шаканирани, дека нема врз нив да се врши мобинг. Ние тоа може да го гарантираме како политичка сила, како коалиција која помогна овој демократски процес да заврши со една победа,“ вели Бошковски.

#Speciale

Гостин: Љубе Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија!

Posted by TV21 on Friday, May 19, 2017

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави