fbpx
-4.2 C
Skopje

ВИДЕО: Трамп со историска посета на „Ѕидот на плачот“

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска направи историска посета на „Ѕидот на плачот“ со што стана првиот актуелен претседател на САД, кој ја посетил оваа верска знаменитост во стариот дел на Ерусалим. При посетата, Трамп беше придружуван од неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп, неговата ќерка Иванка и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер.

Со црна кипа на главата, Трамп прво се помоли, а потоа со раката го допре Ѕидот, кој е едно од најсветите места на евреите. Согласно традицијата тој остави и ливче хартија меѓу камењата на Ѕидот. На овие ливчиња верниците обично ги запишуваат желбите кои сакаат да им бидат услишани од Господ.

САД и Израел се согласуваат дека Иран никогаш не треба да има нуклеарно оружје и треба да прекине финансирањето, обуката и вооружувањето на терористи и милитантни групи, истакна Трамп на заедничката прес-конференција со Ривлин.

Според Трамп, арапските соседни земји сфатиле дека заканата од Иран е нешто што ги обединува со Израел.

Препладнево при пристигнувањето во Израел, Трамп изрази оптимизам за мировниот процес со Палестинците, нагласувајќи дека на народот му е доста од крвопролевања и има огромна желба за мир на Блискиот Исток.

– Пред нас стои ретка можност да донесаме безбедност, стабилност и мир во регионот. Но, тоа е можно само единствено ако работиме заедно. Нема друг начин, посочи Трамп по пристигнувањето на аеродромот во Тел Авив.

Тој додаде дека Израел исто како и САД се стреми кон постигнување на мир и подава рака кон сите свои соседи, вклучително и кон Палестинците

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -