fbpx
4.8 C
Skopje

Честитка од Груевски по повод Националниот ден на Власите

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите до сите припадници на оваа етничка заедница.

– Влашката заедница претставува дел од историјата и културата на Република Македонија. Овој празник ја одбележува влашката култура и традиција, а секако и слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија. Власите во Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина и со тоа позитивно ја афирмирале влашката етничка заедница, влашката култура и посебност, со што директно се продолжува позитивниот континуитет на претходните генерации и успешно се трасира патот за нашите идни генерации. Со празнувањето на овој празник се одбележува посебноста на влашката заедница и се негува културата и традицијата, вели Груевски во честитката.

Во неа тој изразува надеж „дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -