fbpx
-6.2 C
Skopje

Заев ќе присуствува на утрешната вечера на премиерите на шесте балкански држави

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе се појави на утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка

за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од кабинетот на Могерини во рамки на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), поканата до Заев е испратена во својство на „определен за премиер“, што значи дека лидерот на македонските социјал-демократи, иако се уште не е избран за нов претседател на македонската Влада, утре во Брисел ќе биде претставен како таков.

Покрај премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина), Зоран Заев ќе ја претставува Република Македонија на утрешната неформална вечера што ќе се одржи во зградата на ЕЕАС во Брисел. Иако од кабинетот на високата претставничка на ЕУ претходно соопштија дека поканите се испратени до актуелнтие премиери, сепак, во случајот со Зоран Заев и Македонија, Федерика Могерини одлучила да направи отстапка и се уште неизбран на функцијата македонски премиер, сепак, да го покани него и да го претстави во неговиот најверојатен иден капацитет пред останатите лидери од Западниот Балкан.

Инаку, претходно портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, најавувајќи на утрешната неформална вечера на премиерите на шесте балкански држави со Федерика Могерини, истакна дека целта е да се разговара за состојбата во регионот во врска со последните случувања, како и да се погледне „како сите заедно може да се движат напред“.

По вечерата од ЕС ќе излезат со соопштение за тоа која била целта на вечерата и што е разговарано за неа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -