fbpx
16.8 C
Skopje

Груевски: Граѓаните да останат будни, опасноста од платформата не е помината

АКТУЕЛНО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска изјави дека дури и по потпишувањето на гаранциите од страна на Заев, опасноста од „Тиранската“ платформа не е надмината, тој оставил резерва знаејќи го неговиот карактер и обичај честопати да ги менува изјавите и ставовите.

„Уште кога Заев ги даде гаранциите и кога го потпиша оној документ со кој се обврза дека нема да ја прифати тиранската платформа јас оставив една резерва знаејќи го неговиот карактер и обичај честопати да ги менува своите изјави и ставови, претпладне да кажува едно, а попладне друго, така што треба будно да се следи особено откако почнаа да ги даваат изјавите другите негови партнери како што е Зијадин Села, како што е партијата ДУИ, коишто јасно и гласно кажуваат дека тиранската платформа ќе се реализира,“ изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за реализација на проекти во Демир Капија.

Според Груевски, или Заев, или Села, ја лаже јавноста.

„Времето ќе покаже и ќе видиме кој ја кажува вистината, а кој лаже во ситуацијата, но треба внимателно да се следи затоа што тиранската платформа може да предизвика многу проблеми во иднина, рече Груевски истакнувајќи дека од тој аспект ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Македонија кои биле многу вознемирени од тиранската платформа, како што потенцира, ќе останат будни“, рече Груевски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -