Пишува: Проф. Д-р Ненад Новковски
Разрешувањето на длабоката општествена криза настаната со лошото владеење на претходната власт се наоѓа во пресвртен момент, кога е извесно дека се наоѓаме непосредно пред формирање на нова влада.
После две години на преземање интензивни активности за излез од кризата, се дојде до една пресвртна точка од којашто понатаму може да се очекува забрзување на активностите за излез од кризата и нивна зголемена ефективност. Иако на прв поглед се чини дека со ова се завршува еден мрачен период од македонската најнова историја, подлбокиот увид во реалноста покажува дека многу долг период ќе ни биде потребен за да ги отстраниме остатоците од штетните дејства од тој период. Уште повеќе, ќе ни биде потребен долг период за да направиме попис на сето она што се случи и да ги согледаме длабоките корени од минатото што го носеа, нарушените основни вредности и создадените погрешни претстави за реалноста кај голем дел од популацијата.
Најкусо, овој период може да се опише како заснован на ирационално непресметано однесување и мотивиран од урбани митови. Уште од почетокот на функционирањето на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ главен белег беше непрепознатловста на идеи водилки, што се манифестираше преку порршката на лидерот без повикување на која и да било јасна мисла или визија за развитокот на пратијата и државата. Така и понатаму беа изградени сите политики на дејствување – со потпирање врз препознатливи предрасуди и урбани митови.
Еден типичен пример за градењето на систем врз урбан мит беше актуелниот систем на екстерно оценување во образованието. Тргнувајќи од раширената претстава за подарување оценки, во силно координирана акција власта се нафрли врз уривање на образовниот систем преку санкционирање и на учениците и на наставниците и на училиштата по својот терк. Крајната цел кон којашто водеше тоа беше целосна контрола и можност за бркање од работа на неподобните. Меѓу врвните апсурди беше капањата во медиумите против корупцијата во високото образование и здравството, од страна на власт којашто беше дефинитивно најкорумпираната од сите коишто постоеле кај нас. Целината на таквиот начин на владеење донесе една слика во јавноста, во прв ред кај поддржувачите на власта, односно оние што беа цело време предмет на медиумска обработка, дека сите претходно вопоставени вредности на системот биле погрешни и дека се прави нешто ново. Токму на така разградениот систем се градеше системот на ирационално однесување заснован на остатокот од свеста за реалноста – на предрасудите и искривените слики. Во тој поход главните вредности на десната политичка опција, за чијшто бранител се прогласуваше владејачката партија, беа целосно разорени.
Ирационалното објаснување за уривањето на слободата и правдата беше ссодржано во тврдењата дека тие никогаш вистински и не постоеле кај нас. Во уривањето на системот на вредности огромна улога одигра и учеството на дел од високите раководни структури од претходниот систем – оние што не се реформираа туку забегаа во крајности, по примерот на Милошевиќ во Србија. Секако, тука е и улогата на остатоците од старите безбедносни структури, што не е толку непосредно видливо, но може да се забележи според ефектите и начините на дејствување. Најлошото од сѐ што не снајде е тоа што и актерите си влегоа во филмот и почнаа да веруваат во вистинитоста на измислената приказна. За таа патолошка состојба силно сведочи реченицата : „Ако сум лажел, тогаш тоа не било свесно.“. Така изградениот антисистем влезе во тежок конфликт со последниве политички промени што произлегоа од резултатите на парламентарните избори. На очекуваниот мирен трансфер на власта кон коалиција што застапува широк круг на опции, заснован за прв пат не само на бројот на седиштата во Парламентот туку и на јасно изразената волја на граѓаните којашто не се ефектуирала преку пратенички мандати, претходната владејачка гарнитура реагираше на најнесоодветен начин. Наместо да бидат унапредени односите помеѓу политичките субјекти и во секој нов изборен циклус да се изведуваат промените поедноставно и без отпори, кај нас се случија крвавите настани од 27 април што ја претставија Македонија во најцрно светло пред светот. Конфликтот беше уште поизразен кон пријателите од меѓународната заедница. Партијата и кадрите што добија огромна поддршка преку Европските народни партии (ЕНП), каде што ВМРО-ДПМНЕ беше примена и поддржувана, како и онаа од фондацијата Конрад Аденауер, беше потценета и омаловажена, во моментот кога од Германија и од Фондацијата им беше укажано дека претераа со катастрофалното водење на државата. Задоцнетите ефекти од лошото владеење во идниот период ќе дојдат до израз и преку негативните финасиски ефекти, но и преку назадуваето на институциите подаи невниот намален капацитет и преоптовареност со несоодветни кадри. Најпосле, а најтешко, тоа е наследството што ни остнаува за подолго време како кочница за брзи исчекори во развитокот на демократските вредности и ефикасна државна управа. Тоа наследнство се состои и во навики на недоговорно владеење и во воспоставени структури од неколку генерации неодговорни раководни лица. Тој товар уште долго време ќе го кочи равитокот на општеството. Она што мора да го извлечеме како поука од овој мрачен период на неодговорно однесување, платен многу скапо и со додатни трошоци што допрва ќе се појават, тоа е да не се прифати никогаш повеќе раководство без рационален пристап кон општествените прашања.